Политика на приватност

Со пристапот или со користењето на  веб страницата  на ЈП Комунална хигиена – Скопје  потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со сите услови на Политиката на приватност, како и со начинот на нејзиното користење.

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработка на личните податоци кога ја посетувате веб страницата на  ЈП Комунална хигиена – Скопје  и/или користите  некоја од нашите административни услуги преку истата.

ЈП Комунална хигиена – Скопје како контролор на личните податоци истите ги  обработува  во  согласност  со одредбите  од Законот за заштита на личните податоци.

 

Категории на лица  и податоци кои се обработуваат

1. корисници/посетители на нашата веб страница www.khigiena.com.mk, заради анализирање на податоците од посетувањата на нашата веб страница, како и за подобрување на нејзината функционалност. Повеќе информации ќе добиете од Политиката за користење  колачиња(cookies), објавена на  нашата веб страница. 

2. корисници на нашиот електронски систем на наплата https://e.khigiena.com.mk.При користење на  електронскиот систем за наплата  нашите корисници оставаат име и презиме на корисник, адреса на корисник, е-пошта на корисник, телефон  за контакт .

3. корисници на нашите услуги коишто преку https://khigiena.com.mk/soglasnost/ пополнуваат електронскиот образец за согласност за прием на електронски фактури и ги оставаат следните податоци: име и презиме, адреса, телефон за контакт, е- пошта.

4. физички лица, коишто преку нашата официјална електронска адреса   khs@khs.mk , како и преку електронските адреси на наши службени лица, објавени на нашата веб страница, ќе  поднесат  барања за која било административна  услуга  од ЈПКХС. Барателите  ги оставаат следните лични податоци: име и презиме, адреса, телефонски број,  е-пошта  и  потпис.

5. лица кои поднесуваат барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателите ги оставаат следните податоци: име и презиме, адреса на живеење, телефонски број, електронска адреса за контакт, потпис. 

 

Обработка на личните податоци

Ние не ги споделуваме ниту ги разменуваме податоците за вашата посета на нашата веб страница на трети страни. Пристап до личните податоци може да има компанија за одржување и надградување на веб страницата, ангажирана од ЈПКХС, која во согласност со договорот и законската регулатива  за безбедност на личните податоци применува соодветни  мерки за заштита  на личните податоци.

Исто така, пристап до вашите доброволно дадени  лични податоци и нивна законска  обработка  може да вршат службени  лица во ЈПКХС. Во друг случај, личните податоци може да се откриваат по барање на надлежни органи - суд, полиција и други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само врз основа на  закон. 

 

Педиод на чување на личните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат  во согласност со закон и  период потребен  за  исполнување на целта на обработката на личните податоци.

 

Права на субјекти на личните податоци

-право да бидете  информирани за обработката на личните податоци;

-право на пристап до личните податоци;

-право на исправка и бришење на личните податоци;

-право на ограничување на личните податоци;

-право на приговор.

 

За дополнителни информации во врска со заштитата на личните податоци или    остварување на  вашите права, како субјекти на лични податоци, може да поднесете барање преку официјалната електронска пошта на ЈПКХС khs@khs.mk или на електронската пошта на овластеното лице за заштита на личните податоци.

 

Промена на политиката на приватност

Го задржуваме правото на промена на содржината на Политиката на приватност, ако сметаме дека е тоа нужно.