Правните субјекти и физичките лица кои не се вклучени во канализациона мрежа али имаат септички јами, и имаат потреба да се ослободат од фекалните отпадни води, можат да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 за да добијат информации за начинот на празнење на јамата. Екипите на ЈПКХС со специјално возило ја вршат услугата за празнење на септичката јама. Услугата се наплатува согласно Ценовникот за дополнителни дејности на ЈПКХС, донесен од страна на Советот на Градот Скопје. Ценовникот е достапен на нашата веб страна www.khigiena.com.mk во рубриката УСЛУГИ во секцијата ЦЕНОВНИК.
Потребата од спроведување било каква дополнителна услуга мора да е поткрепена со соодветен образец во форма на барање. Барањето за дополнителни услуги Ви се наоѓа на нашата веб страна www.khigiena.com.mk во рубриката ОБРАСЦИ во секцијата БАРАЊА.