ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ - СКОПЈЕ
ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, чиј основач е Град Скопје, е едно од најголемите претпријатија од комуналната област во Република Македонија.
Во своето над стогодишно постоење и делување, ЈП „Комунална хигиена“ успешно се грижи за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје. Развивајќи се напоредно со развојот и модернизацијата на Скопје, со добрата организација, ефикасност, одговорност и дисциплина, ЈП „Комунална хигиена“ прерасна во лидер во областа на комуналните дејности во државата.
Во претпријатието се вработени околу илјада работници и располага со над 130 специјални комунални возила за собирање и транспортирање на комунален отпад и за извршување на другите дејности кои се во надлежност на претпријатието.
СЕКОЈДНЕВНА ГРИЖА ЗА ЈАВНАТА ЧИСТОТА И УРБАНИОТ ЛИК НА МАКЕДОНСКАТА МЕТРОПОЛА:
- Собирање и транспортирање на комуналниот отпад од контејнерите поставени на јавни сообраќајни површини, од пластичните канти лоцирани кај индивидуалните домаќнства и од корпите за отпадоци во градот Скопје, во три смени во текот на 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Се опслужуваат преку 140 илјади домаќинства и десетици илјади стопански субјекти и институции од градските и од руралните средини. Во депонијата „Дрисла“ годишно се транспортираат и депонираат над 130 илјади тони комунален отпад.
- Одржување на хигиена на јавни сообраќајни површини на територијата на Град Скопје, што подразбира нивно рачно и машинско миење и метење.
- Селекција на пакување и отпад од пакување (пластика, хартија и лименки) во над 250 наменски мрежасти контејнери поставени на повеќе локации на подрачјето на Град Скопје и околу илјада сетови од по 4 наменски пластични канти лоцирани во јавни и образовни институции. Обработка и балирање на селектиран отпад во рециклажниот двор во населбата Карпош 3, каде се поставени специјални садови во кои граѓаните на Град Скопје можат да го одложат непотребниот кабаст, електронски, стаклен и метален отпад.
- Едукација на младата популација за правилниот однос кон хигиената и кон животната средина.
- Поддршка и организација на јавни манифестации од аспект на одржувањето на јавната хигиена.
- Еко-патрола која е задолжена да го лоцира неправилно одложениот комунален отпад и да преземе конкретни мерки за заштита на животната средина. Ги едуцира граѓаните за начинот на постапување со комуналниот отпад, почитување на воспоставениот комунален ред во градот, се со цел да се зачува здрава животна средина.
НАША ПОЛИТИКА ЗА РАЗВОЈ
Визијата на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје е “Чисто Скопје и задоволни граѓани“.
За да се оствари оваа визија, во нашето работење ги имплементираме европските стандарди и воведуваме најсовремена техника и технологија.
За зголемување на ефикасноста и ефективноста во извршување на функциите на претпријатието и подигнување на квалитетот на услугите, во тек е воведување на стандардот за квалитет ИСО 9001:2008.
Во претпријатието е воведен современ информациски систем, кој овозможува примена на информатичка технологија во секојдневното работење (постоење на повеќе софтверски апликации). Инсталиран е модерен компјутерски центар со четири сервери, оптички поврзан со над 120 работни станици лоцирани на четири локации, во една единствена информациска мрежа.
ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изработи нова функционална ВЕБ страница, преку која ги презентира своите секојдневни активности и на граѓаните им овозможува на брз и едноставен начин да ги добијат сите потребни информации во врска услугите кои ги дава претпријатието. Со ова се обезбедува целосна транспарентност во работењето на претпријатието.
Исполнување и надминување на очекувањата на нашите корисници е наша цел. Затоа и во наредниот период несебично и посветено ќе се трудиме континуирано да го подигнуваме квалитетот на нашите услуги.