ДИРЕКТОР НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

 

 

в.д. Директор, Драги Митковски

dragi.mitkovski@khs.mk

БИОГРАФИЈА

 

Драги Митковски е роден на 12 октомври 1961 година во Скопје, каде што го завршил своето основно и средно образование, по што дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, на насоката Производно машинство.

 

Во периодот 1985-2025 година бил работно ангажиран во следните работни организации: МЗТ Алатница-Скопје, МЗТ ФАМ АД-Скопје, FIORAArcelik – Aнкара, Турција, МЗТ Машински инженеринг-Скопје, EURODUSEN-Скопје, ДАСТО-Скопје, како и во Собранието на Градот Скопје, каде што најпрво ја извршувал функцијата Раководител на Одделението за комунални работи, а подоцна и Помошник-раководител во Секторот за комунални работи.

 

На 17.11.2025 година, од страна на градоначалникот  на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски, е именуван за вршител на должноста Директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје.