ЈП Комунална хигиена-Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека од 18.05.2020 година ќе имаат можност преку електронски Образец да ја поднесат својата согласност за прием на електронски фактури. Можноста за прием во електронска форма се однесува на фактурите за собирање и транспорт на комуналниот отпад што се наплатуваат одделно од заедничките фактури со ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.
За спроведување на приемот на електронските фактури, корисниците ќе треба да пополнат Образец за согласност во којшто ќе бидат наведени нивните податоци. Кон Образецот за согласност за прием на електронски фактури ќе може да се пристапи на следниот линк: http://khigiena.com.mk/soglasnost/
Приемот на електронските фактури ќе започне да се спроведува од фактурите за месец јуни 2020 година.