Основната мисија на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје гласи: „Чисто Скопје и задоволни граѓани“.
Управување со комунално претпријатие
Процесот на донесување одлуки е динамичен
Самото управување е спој на процесите на планирање, координирање, контролирање и комуницирање со производствените, маркетиншките, финансиските, кадровските и слични активности на претпријатието согласно неговата организациона поставеност.
Комуникацијата, проток и размена на информации од разни аспекти на однесување на надлежните во процесот на одлучување.
Одлуките се донесуваат во седиштето на комуналното претпријатие, одлуките се донесуваат на ниво на Управниот одбор, и заедничко одлучување помеѓу јавното комунално претпријатие и Управниот одбор на претпријатието.
Финансиските аспекти, истражувањата и развојните активности се во надлежност на одлучување на комуналното претпријатие додека рекламирањето, промоцијата на производите, кадровските прашања, рутинските производствени одлучувања се поделени подеднакво помеѓу комуналното претпријатие и Управниот одбор. Комуналното претпријатие не одлучува за дивидендата, истражувањата, развојот и друго. Произлегува дека тие имаат подредена положба во однос на Управниот одбор на претпријатието, а најголема самостојност е за персоналните одлуки, но на највисоко ниво, а не за раководните менаџери за кои е потребно одобрување од Управниот одбор на претпријатието.
Менаџирање со комунално претпријатие
Од сите фактори кои се во доменот на комуналниот бизнис нејзначајно е прашањето на управување со човечките ресурси. Без обучени луге невозможно е да се користат достигнувањата на модерната индустрија и информатика, ниту да се надминуваат и интегрираат пространствата на дејствување на комуналните фирми во глобални рамки. Затоа се дефинира постоењето на потреба од човечки капитал во кој се концентрира знаењето, вештините, информациите и нивната примена за правилно управување со кадрите, професионално однесување меѓу колегите, корисниците, претпоставените, работната дисциплина и слично. ЈП Комунална хигиена води сметка за различноста на нациналниот состав на вработените, нивните плати, преговарањето за нивните права и надоместоци. За правилно развивање на свеста кај вработените во 2007 година беше имплементиран Кодексот на професионално однесување бонтон на ЈП Комунална хигиена.
Организација во комунално претпријатие
Поврзан со развојот на кадрите значајно за една фирма е да создаде можности за изразување на менаџерските способности кои ќе го водат претпријатието кон остварување на неговата цел. Да се воспостави основа за стратегиско размислување и креирање визија во која насока е можен развојот на претпријатието.Менаџерот треба да биде подготвен за прифаќање на разликите кои постојат и да има определба и симпатија да ги поттикнува луѓето да бидат мотивирани и да работат во услови на постоење на различни вредносни ситеми. Тоа значи дека неговото знање треба да е прилагодено на оперативните потреби на претпријатието, на неговата стратегија, технологија. За таа цел неговите вештини и способности треба да се изразени преку способности за планирање и организација, независност, иницијативност, комуникациски вештини, толеранција и способност за брзо враќање во претходна состојба. Комуналните менаџери треба да поседуваат став за јавно размислување, флексибилност, реализам и мултикултурно разбирање за полесно воспоставување и класифицирање на потребните активности, групирање на активностите кои се неопходни за постигнување на целите. Организациската структура е функционална ако им овозможува на поединците да придонесат за реализација на целите на претпријатието, но со минимум несакани последици и трошоци. Доколку се јасно дефинирани функциите и резултатите кои се очекуваат толку полесно е да се направи структурата на организација, односно постоењето на принципот на рамнотежа од која зависи ефективноста, принцип на флексибилност како структура која е подготвена да реагира на промените.
Стратегија на комунално претпријатие
Стратегијата на претпријатието и неговата организациска структура е меѓусебно поврзана и влијае на успешноста на комуналното претпријатие. Функционална поврзаност на деловите на претпријатието насочено кон странство; секторска структура каде секој производствен или услужен сектор е одговорен за функционалните области така да сите активности можат да се концентрираат во повеќе сектори или пак само еден сектор во кој се вкрстуваат сите стратешки влијанија на претпријатието дома или во странство. Со диверзификацијата и глобализацијата се јавува нова структура на организација или структура на глобално насочување, различни делови на претпријатието се известуваат кон различни сектори во рамките на претпријатието. Ова води кон тесна специјализација и повисока ефективност на различни нивоа. За таа цел ЈП Комунална хигиена ги воведе и имплементира ИСО стандардите.