Собирањето на комуналниот отпад има директно влијание врз зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење.
Собирањето на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје се врши од садови за негово привремено сместување - контејнери со зафатнина од 1100 литри, подземни контејнери со зафатнина од 3000 литри, контејнери со зафатнина од 5000 литри и пластични канти со зафатнина од 120 литри.
Транспортирањето на комуналниот отпад се врши со специјални комунални возила, прилагодени на поставените садови за негово привремено сместување.
Динамиката на собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје се утврдува во зависност од:
- Густината на населеност;
- Количеството на создаден комунален отпад;
- Структурата на комуналниот отпад;
- Начинот на однесување на корисниците во урбаната средина;
- Инфраструктурните сообраќајни услови;
- Видот и бројот на поставените садови за комунален отпад.
За целосно собирање и транспорт на комуналниот отпад според утврдената динамика, подрачјето на градот Скопје опфатено со генералниот урбанистички план е поделено на соодветен број блокови.
Собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад на подрачјето на градот Скопје се врши од физички лица/домаќинства и од правни лица.