За нас

ЈП Комунална хигиена-Скопје е едно од најголемите претпријатија од комуналната сфера во РСМ, чијашто основна дејност е собирањето и транспортот на  комуналниот отпад од скопските домаќинства, како и од речиси 600 стопански субјекти во урбаниот и во руралниот дел на градот Скопје.

Седум пати во неделата, во три смени, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје го преземаат отпадот од приближно 6000 подземни и надземни контејнери поставени на територијата на градот Скопје, додека два пати во неделата се празнат 90 000 канти за отпад што се употребуваат во  индивидуалните домаќинства. Екипите на ЈПКХС секојдневно ја одржуваат хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини, што подразбира нивно секојдневно метење и миење.