Политика за квалитет

 

Политика за квалитет

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА - СКОПЈЕ

ЈП Комунална хигиена – Скопје (КХС) се стреми кон подигнување на квалитетот на комуналната хигиена и кон градење механизми на одржлив систем за управување со отпадот;

КХС се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, води сметка за одржување на благопријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на корисниците и просперитетот на Претпријатието;

КХС ги имплементира сите позитивни промени во сферата на комуналните услуги, со цел – зголемување на чистотата во Градот;

КХС ја засилува и унапредува меѓународната соработка во сферата на управување со отпадот;

КХС го подигнува нивото на знаење кај младите, со посебен акцент на зголемувањето на хигиената во Градот;

КХС активно учевствува и придонесува во зачувувањето на животната средина;

КХС дејствува во насока на имплементирање на најновите трендови во областа на управувањето со комуналниот отпад;

КХС го поддржува системот на селектирање на отпадот со којшто се намалува загадувањето на животната средина;

КХС го поддржува системот за управување со квалитет, во согласност со барањата на меѓународниот стандард ИСО 9001 : 2015;

КХС ја дефинира и ревидира својата политика преку одлуките донесени од Одборот за квалитет;

КХС применува процесен пристап кон создавањето и одржувањето на Системот за управување со квалитет. Во врска со тоа, извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси што имаат влијание врз квалитетот на услугите на Претпријатието;

Раководството на ЈП “Комунална хигиена” – Скопје периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на Системот за управување со квалитетот, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

 

                    

Директор
Абдусамед Шабани