Чистење на јавни сообраќајни површини

 

Чистење на јавни сообраќајни површини

 

Чистење на јавните сообраќајни површини

Чистењето на јавните сообраќајни површини подразбира одржување на јавната комунална хигиена - метење и миење, како и празнење на корпите за отпадоци.

 

Чистењето  на  јавните  сообраќајни  површини  подразбира  

Одржување  на  јавната комунална  хигиена     –

Метење  и  миење,  како  и  празнење  на  корпите  за  отпадоци.

Чистењето  на  јавните  сообраќајни  површини  на  подрачјето  на

 Градoт  Скопје  се врши  преку :

- рачно  метење;

- машинско  метење;

- рачно  миење  од  цистерни;

- машинско  миење  со  цистерни;

- прочистување.

 

 

 

 

Чистењето  на  јавните  сообраќајни  површини  е  во  зависност  од  повеќе  параметри,  и тоа:

- густинатата  на  населеност;

- фреквенцијата  на  луѓе  и  моторни  возила;

- степенот  на  нечистотија;

- степенот  на  пречки;

- инфраструктурните  сообраќајни  услови;

- начинот  на  однесување  на  граѓаните  во  урбаната  средина.

 

За  функционално  чистење  на  јавните  сообраќајни  површини  во  урбаниот дел  на Градот  Скопје е извршена категоризација  на  истите на три категории.

Од извршената  категоризација  произлегува и динамиката на  чистење  на  јавните сообраќајни  површини.