ЈП "Комунална хигиена" – Скопје во рамките на својот делокруг на работење, а со цел извршување на својата дејност од јавен интерес од областа на комуналните дејности, врши обработка на лични податоци на корисниците на услуги, вработените лица во Претпријатието, како и на други субјекти на лични податоци.
Личните податоци се обработуваат на начин со кој се обезбедува соодветна безбедност, со примена на технички и организациски мерки и почитување на начелата за заштита на личните податоци.
Технички и организациски мерки за заштита на личните податоци
Согласно Законот за заштита на личните податоци, Јавното претпријатие "Комунална хигиена" – Скопје воспоставува систем на механизми поради обезбедување тајност и заштита на личните податоци, применувајќи соодветни технички и организациски мерки, коишто се пропишани со документацијата за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на личните податоци и тоа:
Ø План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување
тајност и заштита на личните податоци во ЈП"Комунална хигиена" - Скопје;
Ø Правилник за технички и организациски мерки за обезбедување
тајност и заштита на обработката на личните податоци на ЈП "Комунална хигиена"-Скопје;
Ø Правилник за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица при користење на документите и информатичко – комуникациската опрема на ЈП "Комунална хигиена"- Скопје;
Ø Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти на ЈП" Комунална хигиена" - Скопје;
Ø Правилник за начинот на правење сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци на ЈП "Комунална хигиена" -Скопје;
Ø Правилник за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите на ЈП "Комунална хигиена" –Скопје;
Ø Правилник за начин на вршење на видео надзор во ЈП "Комунална хигиена" – Скопје.
Права на субјектите на лични податоци
Согласно Законот за заштита на лични податоци, ЈП "Комунална хигиена" – Скопје им овозможува на субјектите на лични податоци да остварат право на пристап и исправка на нивните лични податоци.