ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Историјат / Ред со „Правилник“, „Упатство за одржување на хигиената“ и објавување на непослушните во весник

Ред со „Правилник“, „Упатство за одржување на хигиената“ и објавување на непослушните во весник

 

Ред со „Правилник“, „Упатство за одржување на хигиената“ и објавување на непослушните во весник

 

Меѓу двете светски војни варирал бројот на вработените во чистачката клона. Достигнувал до четириесетина чистачи и исто толку колари, но затоа пак поради нараснатите потреби бројот на колите и запрегата потојано се зголемувале.

Меѓу двете светски војни варирал бројот на вработените во чистачката клона. Достигнувал  до четириесетина чистачи и исто толку колари, но затоа пак поради нараснатите потреби бројот на колите и запрегата потојано се зголемувале. За воспоставување ред најпрвин е изготвено упатството  за собирање и изнесување на ѓубрето од куќите, улиците, хотелите, рестораните, а подоцна, во средината на триесеттите години е донесен и првиот правилник со кој се регулирало прашањето на градската – комунала хигиена во Скопје. Овој правилник бил прв документ од таков тип во еден град што и припаѓал на тогашната Вардарска бановина. Директно ги пропишувал правилата на однесувњето на граѓаните кон хигиената во градот: од метење на сопствените домови и дворови, до собирање, изнесување и транспорт на ѓубрето до депониите, набавка на специјални канти и сандаци за чување на ѓубрето што особено се однесувало на хотелите, рестораните и установите, до изнаоѓање и одбележување на депониите по утврдени критериуми. Со овие мерки градот Скопје е поделен на реони и одделенија, а пропишани се и санкции за оние граѓани кои не се пидржувале кон строгите правила и тоа во вид на парични, па дури и затворски казни. Интересно е што имињата на загадувачите на градот редовно јавно се објавувале во органот на општината, весникот “Скопски гласник“.

Во периодот меѓу двете Светски војни уште две мерки се вредни за одбележување. И тоа, за подобрување на хигиената во градот дејноста во неколку прилики е давана под концесија, а собраното ѓубре се продавало на лицитација и се користело за наѓубрување на општинскиот имот.

За време на Втората светска војна и бугарската окупација на Скопје, вработените во претпријатието ја продолжиле својата работа, но дел од нив се вклучиле и во давањето помош на НОВ. Во „Одделението за комунални дејности“ била формирана партиска ќелија преку која скопската партиска организација добивала податоци за движењето на непријателот и окупаторот. Треба да се напомене и дека вработените ја продолжиле својата револуционерна дејност пројавена уште во 1929 година, кога организирале штрајк против раководителот на чистачката колона, затоа што ги навредувал нивните чувства на национална и верска основа, а вршел и притисок за нивна асимилација и денационализација. За ова во тоа време пишувал и весникот “Социјалистичка зора“ застанувајќи во одбрана на барањата на чистачите.

[ среда, 14 јули 2010 ] [ 2518 ]

 
Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar