ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 890 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 890 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

 

ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 890  КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

 

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

 

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

 

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

 

 

[ понеделник, 9 ноември 2026 ] [ 4 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar