ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ГИ СТАВИ ВО УПОТРЕБА НОВИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ГИ СТАВИ ВО УПОТРЕБА НОВИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ГИ СТАВИ ВО УПОТРЕБА НОВИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што Претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.

 

Станува збор за камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците, како и специјализирани метларки наменети за машинско метење.

 

Преку ставањето во употреба на новите специјални комунални возила се очекува значително да се зголеми ефективноста и ефикасноста на извршувањето на оперативните активности на Претпријатието на терен.

 

Претпријатието продолжува и со поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, а досега е извршена замена на приближно 500 контејнери. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, вршат и рачно миење на сите локации каде што се поставуваат новите садови за одлагање на отпадот.

 

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 960 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 210 кубни метри отпад од диви депонии.

 

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3150 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

 

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 23 записника за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

 

 

[ вторник, 20 октомври 2026 ] [ 6 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar