ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА СЕПТЕМВРИ ПОДИГНАТИ И ТРАНСПОРТИРАНИ 14 320 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

ВО ТЕКОТ НА СЕПТЕМВРИ ПОДИГНАТИ И ТРАНСПОРТИРАНИ 14 320 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

 

ВО ТЕКОТ НА СЕПТЕМВРИ ПОДИГНАТИ И ТРАНСПОРТИРАНИ 14 320 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

 

Во текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

 

Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

 

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

 

[ понеделник, 5 октомври 2026 ] [ 6 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar