ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 915 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 915 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

 

ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 915 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

 

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

 

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

 

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот,  на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

 

 

[ вторник, 29 септември 2026 ] [ 20 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar