ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 650 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТСТРАНЕТИ 650 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

 

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии.

Воедно, беа подигнати и транспортирани 2700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.

[ понеделник, 21 септември 2026 ] [ 1 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar