Почитувани,
По денешната објава на градоначалникот на Општина Центар, Горан
Герасимовски, во која ги повикува ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и
зеленило“ да си ја вршат работата, должни сме јасно и недвосмислено да
ја информираме јавноста за вистината.
Екипите на двете јавни претпријатија секојдневно, неселективно и во три
смени работат на целата територија на Скопје. Посебно внимание му се
посветува токму на Центар, кој е лицето на градот.
Нашите вработени интервенираат и на локации што не се во надлежност на
претпријатијата, затоа што граѓаните не ги интересираат поделбите на
надлежностите, туку заслужуваат чисто, зелено и уредено Скопје.
Соработката со службите на сите скопски општини е на високо ниво и така
ќе продолжи.
Затоа апелираме работата и трудот на нашите вработени да не се
обезвреднуваат и поединечни ситуации да не се злоупотребуваат за
собирање политички поени.
Наместо невистини и јавни препукувања, потребни се координација,
одговорност и заедничка работа во интерес на граѓаните.
Нашите екипи ќе продолжат посветено да работат на терен и да се грижат
за чистотата и зеленилото во секој дел од Скопје.
Со почит,
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје
ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје
Екипите на јавните претпријатија работат на целата територија на Скопје - градоначалникот на Центар да не се служи со невистини
×![]()
[ недела, 23 август 2026 ] [ 9 ]



