ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ СЕ ПОДИГНАТИ И ТРАНСПОРТИРАНИ 82 296 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ СЕ ПОДИГНАТИ И ТРАНСПОРТИРАНИ 82 296 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

 

ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ СЕ ПОДИГНАТИ И ТРАНСПОРТИРАНИ 82 296 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

 

Во периодот јануари-јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 82 296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје.

 

Отстранети се и 14  535  кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад  - 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар.

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.

 

Во текот на изминатите шест месеци, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 274 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:

 

1. Општина Чаир – 148 записници

 

2. Општина Карпош – 21 записници

 

3. Општина Аеродром – 30 записници

 

4. Општина Центар – 18 записници

 

4. Општина Ѓорче Петров – 16 записници

 

5. Општина Гази Баба – 35 записници

 

6. Oпштина Кисела Вода – 5 записника

 

7. Oпштина Бутел – 1 записник

 

 

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција.

 

 

[ среда, 22 јули 2026 ] [ 4 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar