ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ТРАНСПОРТИРАНИ 200 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ВО РАМКИТЕ НА АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

ТРАНСПОРТИРАНИ 200 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ВО РАМКИТЕ НА АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

 

ТРАНСПОРТИРАНИ  200 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ВО РАМКИТЕ НА АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

 

И оваа година, ЈП Комунална хигиена-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај.

 

Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки.

 

Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени пунктови, претежно во близина на образовните институции – градинки и училишта, го одлагаа насобраниот отпад што по завршувањето на акцијата беше преземен и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

 

Во рамките на акцијата „Генералка викенд“, ЈП Комунална хигиена-Скопје транспортираше вкупно 200 кубни метри отпад на територијата на градот Скопје.

 

Претпријатието изразува подготвеност за учество во сите иницијативи и активности што ќе придонесат за заштита на животната средина и јавното здравје.

 

 

[ четврток, 14 мај 2026 ] [ 229 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar