Почитувани,
ве известуваме дека поради непрописно паркирање на дел од граѓаните во општината Карпош, поточно во населбата Влае, на специјалните возила наменети за собирање комунален отпад им е оневозможен пристап до повеќе улици и контејнерски локации. Ваквата состојба директно го попречува редовното и навремено собирање на отпадот, што создава ризик за нарушување на јавната хигиена и загрозување на јавното здравје.
Апелираме до сите граѓани да не ги узурпираат улиците и јавниот простор со непрописно паркирани возила и своите автомобили да ги паркираат исклучиво на местата предвидени за тоа. Непочитувањето на сообраќајните правила, покрај прекршок, претставува и пречка за нормално функционирање на основните комунални услуги.
Јавната хигиена е наш приоритет и заедничка одговорност. Само со меѓусебна соработка и почитување на правилата можеме да обезбедиме чиста, уредена и функционална средина за сите. Ги повикуваме граѓаните да овозможат непречен пристап за комуналните служби, со цел редовното собирање на отпадот да се одвива без застои и проблеми.
Да покажеме одговорност кон заедницата и кон просторот во којшто живееме. Чист град значи грижа од сите нас.




