ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ ПОДИГНАТИ 13 000 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ ПОДИГНАТИ 13 000 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД

 

ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ ПОДИГНАТИ 13 000 ТОНИ  КОМУНАЛЕН ОТПАД

 

Во текот на месецот  декември 2025 година,  ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје.

 

Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

 

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници. Најголем број на записници – вкупно 85 - се врачени во скопската општина Kарпош.

 

 

[ петок, 09 јануари 2026 ] [ 89 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar