ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА НОЕМВРИ ОТСТРАНЕТИ 1500 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ И ИЗГОТВЕНИ 179 ЗАПИСНИЦИ ЗА ПРАВИЛНО ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДОТ

ВО ТЕКОТ НА НОЕМВРИ ОТСТРАНЕТИ 1500 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ И ИЗГОТВЕНИ 179 ЗАПИСНИЦИ ЗА ПРАВИЛНО ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДОТ

 

ВО ТЕКОТ НА НОЕМВРИ ОТСТРАНЕТИ 1500 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ И ИЗГОТВЕНИ 179 ЗАПИСНИЦИ ЗА ПРАВИЛНО ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДОТ

 

Во текот на месец ноември 2025 година,  Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопјереализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Претставниците на Еко-патролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел -заштита на животната средина и јавното здравје.

 

Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопјеподигнаа и транспортираа 1500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини.

 

*Во наведените месечни податоци, не се пресметани отстранетите количини непрописно одложен отпад во рамките на масовната акција за чистење на градот што се одвиваше во периодот од 6-9 ноември. 

 

 

[ среда, 03 декември 2025 ] [ 153 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar