ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

Доста со манипулации – вистината заслужува да се каже!

 

Изјавите за „намалување" на бројот на контејнери во општина Чаир од страна на градоначалникот Ганиу се свесна манипулација со јавноста.

 

Бројката на контејнери не е намалена – старите, мали садови се заменети со нови, поголеми и со значително поголем капацитет.

 

Значи, зборуваме за зголемување на капацитетот, а не за намалување.

 

Ова е уште еден обид проблемите од друг карактер да се префрлат врз грбот на Јавното претпријатие, кое работи по строго дефиниран оперативен план, усвоен од Советот на Град Скопје, под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

 

Динамиката на реализација е однапред утврдена и се следи согласно институционалните процедури од страна на управниот одбор.

 

Исто така, ја потсетуваме Општина Чаир дека има обврска што сè уште не ја исполнила – да го подмири долгот кон ЈП Комунална хигиена – Скопје.

 

 

[ понеделник, 09 јуни 2025 ] [ 69 ]

 
Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar