Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина. Екипите на Претпријатието спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје.
JП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПОСТАВИ САДОВИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ОРГАНСКИОТ ОТПАД ВО ПРЕСРЕТ НА КУРБАН БАЈРАМ

×![]()

[ четврток, 05 јуни 2025 ] [ 50 ]