Во врска со неодамнешната објава на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, со која ги повикува граѓаните да го изнесат градежниот и кабастиот отпад за истите да бидат собрани, ЈП Комунална хигиена – Скопје информира дека собирањето на тој отпад е надлежност на општината која ги повикала граѓаните да фрлаат. Претпријатието Комунална хигиена е надлежно исклучиво за собирање на комунален отпад од домаќинствата. Градежен шут, мебел, бела техника и друг кабаст отпад не се дел од редовниот комунален отпад и за нивното отстранување се потребни специјални услуги кои не се покриени со редовната услуга за собирање отпад. Ги повикуваме граѓаните да не ги изнесуваат овие видови отпад на јавните површини без претходен договор со надлежната општина или со ангажирање на овластен субјект за отстранување на ваков отпад. ЈП Комунална хигиена Скопје останува посветено на одржувањето на јавната чистота во градот, но истовремено апелираме за обраќање до општината Ѓорче Петров од страна на граѓаните за таа навремено и правилно да постапува со градежниот и кабаст отпад.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

×![]()

[ понеделник, 02 јуни 2025 ] [ 68 ]