Од почетокот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 550 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини. Во истиот период, Еко-патролата на Претпријатието изготви 11 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. ЈП Комунална хигиена-Скопје преку секојдневно рачно и машинско метење и миење продолжува да ја одржува хигиената на булеварите и улиците што се под надлежност на Градот Скопје, како и чистотата на плоштадот и улицата Македонија, пешачките мостови во централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и реонот на Старата скопска чаршија.
ОТСТРАНЕТИ 550 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА МЕСЕЦ АПРИЛ

×![]()












[ четврток, 17 април 2025 ] [ 59 ]