Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје
реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто
рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад
одложен на јавни или сообраќајни површини.
Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во
скопската општина Центар - на булеварот Мајка Тереза (Водњанска) е
отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на
тротоарот во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“. Во оваа скопска
општина е интервенирано и на улицата Васил Ѓоргов.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија
лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата Џон Кенеди во
општината Чаир, а подигнати се и околу 15 кубни метри непрописно одложен
градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
ПОДИГНАТИ 50 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЦЕНТАР, КИСЕЛА ВОДА И ЧАИР

×![]()
[ среда, 16 октомври 2024 ] [ 214 ]



