Со употреба на багери, во текот на ноќта, се расчистуваше кејот13 Ноември кадешето беше отстранета обемна количина отпад од домаќинство, гранки и лисја, градежен шут и картонска амбалажа.
Исто така,во текот на ноќта, се интервенираше во општина Карпош на улиците Васил Чакаларов и бул. 8 Септември позади салата Борис Трајковски, а во општина Чаир се делуваше на неколку локации кадешто беше отстранет непрописно одложен кабаст отпад.
Активностите се одвиваат континуирано и без никаков застој.
Во прилог фотографии пред и потоа




