Минатите три дена екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување диви депонии лоцирани во општина Аеродром и тоа:на булеварот Србија (кај салонот на Горење), на бул. Февруарски поход (на аголот кај маркет Рамстор), улица Бојмија, улица Пандил Шишков (маркет Рамстор) и улица Коста Новаковиќ во непосредна близина на поликлиниката Јане Сандански.