Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 150 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода и Карпош.
Активностите се реализираа на улиците Цветан Димов, Коста Абрашевиќ, Методија Митевски и Благоја Паровиќ, како и на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, улицата Васил Чакаларов - во општина Карпош, улицата Димо Хаџи Димов - во општината Кисела Вода, како и улицата Даме Груев и булеварот Мајка Тереза во општината Центар.
На посочените локации се отстранети и приближно 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа.




