ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / OПОЖАРЕН КОНТЕЈНЕР ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

OПОЖАРЕН КОНТЕЈНЕР ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

 

OПОЖАРЕН КОНТЕЈНЕР ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

 

Во текот на вчерашниот ден, од страна на непознати сторители беше опожарен еден сад наменет за одлагање комунален отпад лоциран на улицата 11-ти Октомври во скопската општина Центар, во непосредна близина на ДХО „Даре Џамбаз“.

 

Станува збор за пластичен контејнер со зафатнина од 3,2 кубни метри што како последица од опожарувањето е комплетно уништен и неупотреблив. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување, како и рачно миење на микролокацијата и во текот на минатата ноќ го заменија опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот. За случајот се известени и надлежните органи.

 

[ сабота, 10 август 2024 ] [ 370 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar