ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЕКО-ПАТРОЛАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗГОТВИ 596 ЗАПИСНИЦИ ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА

ЕКО-ПАТРОЛАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗГОТВИ 596 ЗАПИСНИЦИ ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА

 

ЕКО-ПАТРОЛАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗГОТВИ  596  ЗАПИСНИЦИ ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА

 

Во текот на 2023-та година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 596 едукативно-информативни записници коишто им беа врачени на граѓаните и на правните субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад во реонот на сите скопски општини.

Во рамките на изминатите дванаесет месеци, Еко-патролата реализираше  секојдневни дежурства на дваесетина локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Беше спроведен зачестен патролен надзор на целокупната територија на скопските општини Ѓорче Петров и Аеродром,  на улицата Народен фронт во општината Центар, улицата Војвода Васил Чакаларов во скопската општина Карпош, како и на  булеварот Македонско-косовска бригада и улиците Џон Кенеди, Втора македонска бригада, Максут Садик - спроти Амбасадата на САД, Јуриј Гагарин и Славеј Планина - во непосредна близина на скопското Теќе, во скопската општина Чаир.

 

[ вторник, 02 јануари 2024 ] [ 81 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar