ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава зема учество на „Скопскиот маратон". Претпријатието го претставуваа Зија Бајрами и Горан Велковски коишто успешно ја истрчаа трката на пет километри, остварувајќи одлични резултати.
Организаторите на манифестацијата изразија и особена благодарност до оперативните екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје за одржувањето на високото ниво на хигиената на скопските булевари и улици за време на одржувањето како и по завршувањето на „Скопскиот маратон 2022".




