Во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува
активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини по
вчерашните обилни врнежи од дожд што го зафатија градот Скопје.
Активностите се одвиваат во сите скопски општини, со употреба на
следната механизација: патарки, метларки, втоварувач и автоцистерни. ЈП
Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со расчистувањето во текот на
целиот ден и во вечерните часови.
ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СО AKTИВНОСТИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ ПО ВЧЕРАШНИТЕ ВРНЕЖИ

×![]()
[ среда, 31 август 2022 ] [ 353 ]



