ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ОСУМ КОНТЕЈНЕРИ ИЗГОРЕА ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИОВ ВИКЕНД

ОСУМ КОНТЕЈНЕРИ ИЗГОРЕА ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИОВ ВИКЕНД

 

ОСУМ КОНТЕЈНЕРИ ИЗГОРЕА ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИОВ ВИКЕНД

 

И во текот на изминатиов викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочи со опожарување на садовите за одлагање на комуналниот отпад поставени на јавни површини.

Од страна на непознати сторители, на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар, беа опожарени три пластични контејнера со зафатнина од 3,2м3. На истата локација пред петнаесет дена изгореа три вакви садови.

Во текот на викендов целосно изгореа и четири пластични контејнера со зафатнина од 3,2м3, како и еден контејнер-ѕвоно наменет за примарна селекција на отпадот лоцирани на кружниот тек во Дебар Маало.

„Апелираме да престане намерното уништување на садовите за одлагање на отпадот. Од почетокот на годинава се опожарени и целосно уништени 17 контејнери, со што му е нанесена значителна финансиска штета на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Претпријатието сите овие садови веднаш ги замени со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад во градот. Сите случаи на опожарување на контејнерите ги пријавивме до надлежните органи и очекуваме сторителите да бидат пронајдени и санкционирани.“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз.

[ понеделник, 14 март 2022 ] [ 1070 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar