ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ги промовираше новонабавените пет специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад. Возилата се од марката Iveco и ќе се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите наменети за колективните домаќинства, како и од кантите поделени во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.
„Новите пет специјални комунални возила-камиони се дел од големата набавка што ЈП Комунална хигиена-Скопје ја започна на почетокот на оваа година, а во чиишто рамки досега беа пуштени во употреба и десет машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини.
До крајот на годинава ќе бидат набавени уште 32 нови специјални комунални возила - автоцистерни, камиони, самоподигнувачи и кипери, со што во голема мера ќе го заокружиме обновувањето на возниот парк на Претпријатието.“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.




