ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собра 135 кубни метри кабаст отпад и расчисти 200 кубни метри отпад од диви депонии

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собра 135 кубни метри кабаст отпад и расчисти 200 кубни метри отпад од диви депонии

 

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собра 135 кубни метри кабаст отпад и расчисти 200 кубни метри отпад од диви депонии

 

Во текот на масовната акција за генерално чистење на скопските општини, ЈП Комунална хигиена“-Скопје отстрани вкупно 200 кубни метри отпад од диви депонии.

Во рамките на акцијата се спроведоа активности за рачно и машинско метење, како и миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, а ЈП Комунална хигиена“-Скопје во девет скопски општини постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните одложија 135 кубни метри отпад составен од стар мебел, електрична и електронска опрема.

Претпријатието реализираше едукативни разговори со граѓаните за проблемите со неправилното одлагање на отпадот и ги информираше за можноста во текот на целата година својот кабаст отпад без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

 

[ вторник, 30 јули 2019 ] [ 2437 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar