Претпријатието учествува во постапувањето со комуналниот отпад на подрачјето на Град Скопје и во поголемиот дел од руралните средини кои се составен дел на скопските Општини.
Постапувањето со комуналниот отпад (собирање, транспортирање) е составен дел на интегрираното управување со отпадот во Градот. Својата дејност од јавен интерес Претпријатието ја извршува согласно Годишната програма за постапување со отпадот на ниво на Град Скопје која по предлог на Градоначалникот ја усвојува/донесува Советот на Градот.