Во текот на изминатава седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија две обемни диви депонии лоцирани во населбите Серава и Топаана, во скопската општина Чаир.
Активностите ги реализираа десет работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – втоварувач, патарка и два кипера. Подигнати се и транспортирани приближно 70 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад.




