Уште на првата седница на Народноослободителниот одбор на град Скопје, одржана во ноември 1944 година било посветено внимание на хигиената на градот, па затоа веднаш била активирана севкупната комунална дејност, од уредување до чистење на улиците и разурнатите куќи.
Меѓу двете светски војни варирал бројот на вработените во чистачката клона. Достигнувал до четириесетина чистачи и исто толку колари, но затоа пак поради нараснатите потреби бројот на колите и запрегата потојано се зголемувале.
Посебни правила постоеле и за изнесување на ѓубрето од градот. Власта пропишувала посебни такси од кои била финансирана „Чистачката колона“.
За одржување на чистотата и хигиената во градот се грижела специјална екипа именувана како „Чистачка колона“. Хронолошки прецизно, во 1906 година се формира првата група за комунална хигиена во Скопје.
Почетокот на ХХ век Скопје и неговите жители го пречекуваат со бројни цивилизациски придобивки. Елементите на модерен град се поставуваат со изработката на првиот урбанистички план, со изградба на водоводна мрежа, со оформување и уредување на Градскиот парк.