За време на продолжениот празничен викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија подигнување и транспорт на десет кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани на булеварот 8-ми Септември, во непосредна близина на арената „Борис Трајковски“, во скопската општина Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски Карпош и Македонско-косовска бригада во општината Чаир.
Воедно, во текот на изминатите пет дена, беше спроведено рачно миење и метење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни храмови во сите скопски општини, коешто се одвиваше пред и по завршувањето на верските собири по повод најзначајниот христијански празник-Велигден.




