ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираше еко-предавање за учениците од скопската гимназија „Кочо Рацин“.
На настанот присуствуваа градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, како и в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.
Еко-предавањето се одржа пред четириесетина ученици, коишто имаа можност да се запознаат со активностите на Претпријатието, да се информираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, кои се придобивките од примарната селекција на отпадот, како и штетните последици од создавањето диви депонии што директно ја загадуваат животната околина и го загрозуваат јавното здравје.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа и акција за отстранување на отпадот од дворот и од внатрешните простории на училиштето.




