Во текот на изминатите два дена, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје вршеше надзор на повеќе локации во скопската општина Карпош, каде што е забележана појава на континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Активностите се одвиваа на улицата Московска, во реонот на пазарот Тафталиџе и студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Воедно, на терен беа реализирани и едукативни разговори со граѓани и претставници на правни субјекти, на тема – правилно одлагање на отпадот.
Во текот на месецот март, од страна на Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје беа изготвени вкупно 82 едукативно-информативни записници коишто им се врачени на лица што се затекнати при неправилно одлагање градежен, кабаст и отпад од пакување.




