Во текот на изминатите неколку денови, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија две обемни диви депонии лоцирани на улиците Цетинска и Боца Иванова - во непосредна близина на последната постројка на автобусот 59, во скопската општина Бутел. Активностите ги реализираа десет работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – втоварувач, патарка и два кипера.
„ ЈП Комунална хигиена- Скопје продолжува со расчистувањето на дивите депонии во сите скопски општини. Неделава беа отстранети повеќе од 80 кубни метри отпад од две големи диви депонии лоцирани во општината Бутел, додека во текот на минатиот месец расчистивме 150 кубни метри во општината Шуто Оризари.
Покрај активностите за отстранување на дивите депонии, ЈП Комунална хигиена- Скопје и во текот на претстојната година ќе продолжи да ги информира и да ги едуцира граѓаните за штетноста од несовесното одлагање на отпадот на јавни површини, што резултира со директно загадување на нашата животна средина.“-изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.




