Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на општината Ѓорче Петров што се одвива во организација на Градот Скопје, досега беа одложени приближно 70 кубни метри кабаст отпад во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Екипите на Претпријатието секојдневно реализираат и активности за миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации, како и рачно и машинско метење и миење на улиците Ѓорче Петров, Македонска војска и Лука Геров.
Во текот на вчерашната ноќ во оваа скопска општина од страна на непознати сторители беше опожарен еден пластичен контејнер со зафатнина од 3,2 кубни метри, лоциран на улицата Ѓорче Петров. ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок ќе постави нов сад на оваа локација, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад.




