02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица - акција за чистење на православните верски храмови

Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица - акција за чистење на православните верски храмови

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, ЈП "Комунална хигиена" -Скопје во текот на денешниот ден спроведе акција за чистење на православните верски храмови. Во рамките на акцијата беше извршено рачно миење, метење и чистење на пристапните патишта, непосредната околина и дворовите на црквите во сите скопски општини.

"За време на најзначајните верски празници на сите верски заедници во нашата земја, спроведуваме засилени активности и настојуваме да ја одржиме хигиената на верските храмови на највисокото можно ниво."-изјави директорот на ЈП "Комунална хигиена"-Скопје, Абдусамед Шабани.

27.08.2019, 15:21 | 355 прегледи