ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / Заврши акцијата за отстранување на дивата депонија во населбата Лисиче - сто кубни метри отпад исчистени од приватен двор

Заврши акцијата за отстранување на дивата депонија во населбата Лисиче - сто кубни метри отпад исчистени од приватен двор

 

Заврши акцијата за отстранување  на дивата депонија во населбата Лисиче - сто кубни метри отпад исчистени од приватен двор

 

Вкупно сто кубни метри отпад беа подигнати и транспортирани од приватен двор во населбата Лисиче, во рамките на петдневната акција што ја спроведе ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Целосно е отстранета дивата депонија, составена од огромно количество мешан комунален, градежен и кабаст отпад, а локацијата е комплетно исчистена.

Во расчистувањето на дивата депонија лоцирана на улицата Блажо Орландиќ, дневно беа ангажирани по десет работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, отпадот се подигнуваше со втоварувач, а се транспортираше со три специјални комунални возила. Акцијата се одвиваше во координација со Инспекторатот на Градот Скопје.

 

 

 

[ вторник, 2 април 2019 ] [ 2169 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar