ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ВО ТЕКОТ НА MAРТ СЕ ОТСТРАНЕТИ 2315 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

ВО ТЕКОТ НА MAРТ СЕ ОТСТРАНЕТИ 2315 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

 

ВО ТЕКОТ НА MAРТ СЕ ОТСТРАНЕТИ 2315 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

 

Во текот на месецот март, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопјеподигнаа и транспортираа14 086тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

 

Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложенотпад– 540 кубни метрисе подигнати во општинатаКарпош.

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари, какои улицитешто се во надлежност на Градот Скопје.Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метењена плоштадот и улицатаМакедонија, помалите плоштадиФилипВтори, МајкаТереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачкитепатеки и тротоаритенамостовите „ГоцеДелчев", и „Слобода", како и Старатаскопска чаршија. Претпријатието го започна и сезонското машинско миење со употреба на автоцистерни што секојдневно се реализира во доцните вечерни часови.
ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месецот март реализираше еко-предавања и работилнициво скопските училишта, во чиишто рамки 232 ученика беа запознати како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

 

 

[ среда, 08 април 2026 ] [ 139 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar