Во текот на месецот април 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше низа вонредни активности за подигнување непрописно одложен отпад од јавни или сообраќајни површини во сите скопски општини. Од страна на екипите на Претпријатието се подигнати и транспортирани 1995 кубни метри отпад од диви депонии, од коишто најголемиот дел во општините Чаир – 430 м3, Ѓорче Петров – 390 м3 и Центар – 380 м3. Во рамките на изминатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 17 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници –вкупно 7, се изготвени во скопската општина Чаир. Еко-патролата во координација со инспекциските служби на Градот Скопје секојдневно спроведуваше и дежурства на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Реализирани се интервентни дежурства во реонот на Арената „Борис Трајковски“, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и до детското игралиште на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и на улицата Џон Кенеди.
ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ АПРИЛ СЕ ПОДИГНАТИ РЕЧИСИ 2000 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

×![]()









[ петок, 09 мај 2025 ] [ 80 ]